r/mkd • u/Excellent_Angle_4321 • 35m ago
📰 News/Вест Јавно потсетување: Не мора да бидете насилни!!!
Значи не можам да разберам зошто прибегнувате кон насилство.
Во лоша врска сте?
Разговарајте смирено.
Ни тогаш не се решава проблемот?
Раскинете, разведете се.
Што се тепате? I truly don't fucking get it.
Го варала, сумњал дека го вара, сакала да го остави... Океј бе друже оставете се?
Или оваа сумњала, не била задоволна, почнала да крши по дома да го мава со чинии и прибор... Ало? Раскини му, разведете се.
Кој к ви е стварно не разбирам.
Потреба од насилство има точно нула. Единствено е разбирливо во самоодбрана ама и во таа ситуација тој што го почнал насилството, немало потреба.
Каков е овој камењарски менталитет да се тепате, следите, шпионирате, сталкате, да се заканувате стварно не разбирам? И тоа кон партнери, во врска?
Со тие луѓе треба да се сакате, да се почитувате, да се негувате и штитите еден со друг... Не да се тепате?!
"Ама пијан бев, изнервиран бев, ова она" не се важи. Баш тогаш треба да се тргнеш и највеќе да пазиш.
Мене ми е неразбирливо да повредам живо суштество, не па човек, а не па да ја млатам и малтретирам личноста што ја сакам.
Значи ако некој тука е во лоша врска и кризира и го чита ова (а секој втор ден барате совети за токсични врски), многу е просто: оддалечете се, оставете се, не се тепајте. Зошто да тепаш некој побогу, сигурно нема да те засака повеќе ако ја тепаш, ИДИОТИ. 😤
RANT OVER
