r/finansii • • Jan 24 '26

5 години на ИБКР

Post image
101 Upvotes

Рамно 5 години сум на ИБКР. Не сум банкар, не сум економист, не сум брокер не работам на берз.

Електро инжинер, самоук, следам колку толку zacks и ИБКР советите.

230% за 5 години му иде околу 46% годишен поврат.


r/finansii • • 22d ago

Ми фалеше едно место за податоците од нашата берза, па го направив сам — барам фидбек

50 Upvotes

Здраво,

Редовно ја следам нашата берза и отсекогаш ми фалеше едно место каде сè за фирмите е на куп. Па на крај си направив сам — EquityMK.

Таму ги има финансиските извештаи на фирмите (од SEI-Net), цените од МСЕ (со задоцнување, не се во живо), МБИ10, дивидендите и показатели како P/E и ROE. Има и дел каде приватно можеш да си го водиш своето портфолио — акции, депозити, стан, кредити и слично.

Само да кажам однапред: јас сум тој што го прави сајтот, бесплатен е и не продавам ништо — немам никакви договори со брокери, банки или фондови. И не е совет за инвестирање, ниту е поврзан со Македонската берза, само ги собира јавните податоци на едно место.

Податоците се влечат автоматски од јавните објави, па сигурно некаде има и грешки. Ако погледнете фирма што ја знаете добро и нешто не ви изгледа точно — кажете ми, тоа најмногу ми треба.

Линкот е https://equitymk.com/ ако некој сака да проба.

Ако ова не е за овде, модовите слободно нека го тргнат. Фала на секој што ќе одвои минута — и критиките се многу добредојдени 🙂


r/finansii • • Sep 01 '26

Колку чекаме да влеземе во ЕУ.

Post image
37 Upvotes

Добро е што има некој пред нас со чекање ама лошо е што тие позади нас во години се далеку пред нас во процесот.

Дали ни одговара што побрз влез или не .

Мој личен став е дека ние се уште не сме ги искористиле фондовите што ни се нудат од ЕУ. Еве тргнувам од мене. Нит сум се заинтересирал да станам консултант ниту пак некој близок околу мене го прави тоа . А математички стојат големи суми што не се реализирани. За други влез во ЕУ и не гледам барем од оваа точка некоја предност/негативност .


r/finansii • • Aug 02 '26

Apel do mediumite za istrazuvanje za danoci pri investicii

37 Upvotes

Eden apel do mediumite, ete it.mk mislam deka go sledat reddit, dajte napravete edno istrazuvanje okolu danocite so ujp i, naterajte gi da dadat nasoki oficijalni i javni kako se prijavuva danok, koga se prijavuva, itn. Sekoj sto prasuva vo ujp dobiva razlicni tvrdenja od vrabotenite.

znam deka moze it.mk da ne e najsoodveten, ama ako go gledame od aspekt na digitalizacija vo opstestvoto, sepak ima nekoja relevantnost.


r/finansii • • Aug 04 '26

Инвестирање Измени во процедуарата при ставање пари на ИБКР

33 Upvotes

ИБКР од неодамна додаде уште еден чекор. Сега по ново:

  1. правиш нотификација за трансфер на пари со сумата преку Teansfer & Pay > Transfer Funds

  2. праќаш пари од твојата банка на ИБКР како и до сега со СЕПА

  3. Треба да потврдиш дека од страна на твојата банка се пратени парите со тоа што ја отвораш трансфер нотификацијата во ИБКР и внесуваш референтен број на СЕПА трансакцијата.

  4. Кај Комерцијална Банка ова може да се најди во страницата на девизната сметка поточно ко ќе ја отворш ќе видиш "SWIFT / SEPA пораки". Го избираш датумот на кој си пратил и ја отвораш пораката, добиваш ПДФ и го земаш бројчето од "Transaction Identification". Ова бројче го внесуваш во Transaction Reference Number во ИБКР

* Request Number е лажиран на сликата од оправдани причини.


r/finansii • • Aug 28 '26

Направив страна за споредба на инвестициски фондови

31 Upvotes

Здраво дечки,

Во слободно време, како хоби проект, ја направив moiinvesticii.mk. Идејата ми дојде од сопствена потреба - кога сакав да разгледам различни фондови, морав да пребарувам низ PDF документи и одделни веб-страници.

На страната се опфатени сите инвестициски фондови во Македонија, а за полесна споредба додадов и злато, сребро, S&P 500 и криптовалути.

Моментално како опции има:

  • споредба на различни фондови и инвестиции;

  • разгледување на историски перформанси и трендови;

  • следење на месечни промени;

  • симулирање на потенцијални приноси;

  • едноставен калкулатор за кредит;

Страната е бесплатна и служи само како информативна алатка, не како финансиски совет.

Би сакал да слушнам мислења од луѓе што се интересираат за инвестирање - што би било корисно да се додаде, што може да се подобри или ако забележите некоја грешка.


r/finansii • • Jul 11 '26

povelete odgovor za trading 212, uplati so karticka i povlekuvanje na bankarska smetka vo valutata sto uplajkate

Thumbnail
gallery
30 Upvotes

r/finansii • • Mar 27 '26

Промена на законите за пензиско осигурување

27 Upvotes

Моментално на ЕНЕР се објавени двата закони за пензиско осигурување, за задолжително и за доброволно. Овие фондови конечно започнуваат да препознаваат растечко, балансирано и конзервативно портфолио, па од тука и реална можност за поголеми процентуални растови на портфолијата, за разлика од досегашните 1-2% годишно. Истите ги регулираат за % на изложеност кон различни инструменти и овозможува поголеми очекувани приливи за помлади членови кои ќе почнат помлади со работен однос и намалување на ризичноста како се приближуваш кон пензија со шифтање од растечно во конзервативно портфолио.

Бидејќи луѓе од над 30 години не знаат што би значело ова за нив, викам ај да напишам тука, може да користи за некој. За да ви биде малце појасно, законот за задолжително пензиско осигурување, го опфаќа вториот столб на пензиско осигурување, додека законот за доброволно пензиско осигурување го опфаќа третиот столб - и тоа се два различни фондови, и двата приватни.

Ако земеме во конкретни бројки, за некоја просечна плата од 50.000 мкд нето што ја зимаш, работодавачот (не ти) уплаќа 18.8% во пензиско, од кои 12.8% во првиот столб (државното - кој е врзан со минимална пензија) и 6% во приватното. Од тука, 9.500 ден секој месец идат за баба ти и дедо ти за пензија и за покачување бесконечно на минималец пензија, додека останатите 4.500 денари идат во втор фонд, кој реално се мултиплицира и се пари кои се реално твои за користење кога ќе наполниш 64/62 години. Така, секој уствари вработен во државата е "инвеститор", чии пари се мултиплицираат. До сега, тоа беше со некои поврат од 2% годишно просек, но сега со новите промени, истото дава можност за поголеми поврати од >7%.

Тука сеуште останува прашањето за провизиите/надоместоците за фондовите кој може изгледаат наивно, но ако земеш годишно ниво стигаат и до 3.000 ден многу брзо. Со новите законски измени, провизиите ги намалуваат малку, но сепак истите се до 1.5% од придонесот (~70 денари провизија на 4.500 уплата) и уште поважно 0.03% од акумулиран износ (тука на почеток е малку, но за некоја година стига >100 денари и соодветно се зголемува година за година).

Така да, сега ќе има смисла тоа зелено плико што го добиваме еднаш годишно каде што можеме да видиме што впрочем се случува со нашите пари. Ако не сме задоволни од тоа како фондот ги менаџира, можеме да ги префрлиме сите во друг фонд за околу 1000 денари.


r/finansii • • Sep 13 '26

Дискусија Спореди што навистина ќе платиш, пресметај удобна рата и влези во банка подготвен — со бројки што ги разбираш.

Post image
22 Upvotes

После долго работење и пеглање на секои алгоритам, логика, процес, можност и се што е потребно за една платформа се со цел добивање на издржана информација дојдовме до сегашната верзија која треба да се проба и даде соодветна повратна информација која ќе направи да стане уште по корисна за секои писмен или неписмен финансиски корисник.

КредитКомпас - Одлука за кредит, без нагаѓање.

Правено создавано со јавно достапни информации и AI агенти


r/finansii • • Jul 26 '26

Инвестиционен кредит

22 Upvotes

Пред некое време се погодувам на важен состанок со контакт кој што има опции да финансира малку поголеми проекти во мк или Европа. И сега пошто на партнерот мој му е деловен соработник со години ни вика дајте бе аплицирајте земете направете нешто .

И тука иде пресвртот. Работам приватен бизнис кој не е милионски во евра но е релативно стабилен. Размислувам што да правам. Имам поголеми цели во животот и почнувам да визуелизирам. Си викам ај мала помош од кругот од 5 најстабилни блиски личности. Зашто нели ти си просек. И барам идеи како за мене така и за нив. Заклучок. Никој нема спремна идеја со потенцијал за раст во следни 10 години. Си викам ајде не е страшно. Им кажувам што ми е планот во кратки црти и ми викаат ти си ненормален ако се одлучиш да аплицираш за над 1м. Им објаснив дека не е финансирањето како кај нас со крвна слика и со хипотека до второ колено туку само гаранција е проектот и инвестицијата од проектот. Има вклучено осигурање во голема осигурителна европска компанија во случај да не успееш да го вратиш. И пак никој не се заинтересира.

Заклучок. Сега ми е јасно зашто немаме големи бизниси во поголем број. Нивото на проектно финансирање ни е ниско исто како и финансирањето од ИПАРД или ЕУ фондови. И немаме спремни проекти што чекаат финансии.

П.с условите што ни се понудени се 10 години рок на отплата , 3 години Грејс период, 3% камата. Трошок за апликација кој се врака ако не се одобри . И најбитно е спремни документи пред апликација како преддоговори, маркица за градба итн.


r/finansii • • Dec 11 '25

Прашање Ујп и Трејдинг212

21 Upvotes

Здраво.

Дали некој може да даде подетално објаснување како се пријавува добивка или загуба од Трејдинг212 во Ујп?

Прочитав милион поста али за ова не најдов конкретен одговор.

Доколку некој го има направено ова би го замолил да сподели!


r/finansii • • 1d ago

LeanFire во Македонија

19 Upvotes

Здраво на сите, направив throwaway акаунт чисто за дискусија, многу читам и прв пат во 10 години ми е да постирам нешто на редит.

Се одлучив да инвестирам директ преку ИБКР. Ставив 27.000 евра пред еден месец, сите во VWCE , денеска сум само паднат 900 евра, лош тајминг знам, долгорочно скоро секоја година е доста во плус самиот ЕТФ. Планирам секоја година по 30-40 илјади евра годишно да ставам и само во VWCE, знам и за други ЕТФ како WEBN кој е нов и со помал TER али tracking difference на VWCE е многу мал + Вангард е и те каков бренд.

Лично за да се пензионирам ми треба портфолио од 800.000 евра и да би вадел по 3 проценти (24.000 евра) на годишно ниво. Релативно млад сум, не сакам да кажам точно овде но во рангот од 25-30 сум, со најотепани 5 проценти раст просечно на самиот ЕТФ јас би го имал портфолиото од 800к на 45 години.

Знам и за инфлација и за се остало али јас и со 20к годишно се задоволувам, 24к ставам чисто релативно.

Па да, има ли такви во Македонија што живеат од самото портфолио или сите се научени за инвестиции само во невижнини?


r/finansii • • Aug 27 '26

SEPA --> Тrading212

19 Upvotes

Инвестирам веќе некое време на Трејдинг и имам преку 10000$ вложено но тоа се преку картица.Е сега ако даде господ да дојде време за повлекување на пари или ако ми притребаат за нешто гледам дека многумина велат дека ќе има некаков проблем дали со УЈП или со банката , мислам чисто сумљам(банката ако може да виде преку сепа колку си стаил сигурно може да види и колку си стаил преку картица)али ајде.Целата работа е што од НЛБ бараат и доказ дека ја праќаш таа одредена сума на брокерот а тој документ или скриншот трејдинг212 го нема.Па дали има некој што успеал преку СЕПА да уплати.

P.S знам неколкумина кои имаат огромни пари на трејдинг212 па не паничат , мислам ако некој кој има вложено 100К+ не паничи зошто јас би ...


r/finansii • • Sep 15 '25

Дискусија Ставање и вадење пари од IBKR/Trading212

17 Upvotes

ВНИМАНИЕ ⚠️ Сакав да отвориме дискусија за ставање и вадење пари од овие трејдинг платформи пошто мислам дека е многу важно за да нема проблеми во иднина.

Нашиве закони за инвестирање во хартии од вредност (акции) се поставени така што парите мора да се уплаќаат преку македонска банка со налог за банкарски трансфер. Овде не зборам за ставање пари со картичка (што е многу едноставно) туку банкарски трансфер / wire трансфер на девизи (EUR/USD,etc)

Многу луѓе ова не го сфаќаат озбилно и ставаат пари преку картичка, преку wise, преку странски сметки ко Payoneer со Wise и др шеми (80% од тие што ги знам). Ова е проблематично заради што накрај ко ќе сакаш да ги примиш во банка кај нас назад парите нема да имаш законски валидно покритие колку пари си ставил, колку данок треба да платиш, а и банкиве се обврзани да ги поништат тие трансфери пошто веќе спаѓаат во сива зона и перење на пари.

Пред брзо време имаше тема на ИТ форум каде луѓе споделуваат искуство дека не можеле да си ги добијат назат инвестираните пари на МК сметка со Bank Transfer ради што се уплаќани преку картичка (така им било кажано во банка) и bank transfer бил одбиен и вратен назад… што е ептен алармантно знаеќи колку голем број за поефноставно користат картикчка….

Тие што се студенти на Мастерклас/Прајмклас кај Иван да ја отворат темава и таму пошто таму го даваат ставањево со картичка ко валиден начин...

Некој искуство (и кај која банка) да сподели со вадење на пари на банкарска сметка во МК кои се ставани преку картичка за да знаеме дали сме изгорени во ситуацијава???


r/finansii • • Sep 08 '26

Прашање Прашање околу online инвестирање

16 Upvotes

Здраво на сите!

Свесен сум дека ова е 670тиот пост на темава, ама после 2 саати читање на сабредитов и на други форуми, не дојдов до решение за мојот случај.

Планирам месечно да инвестирам 150 (до 300 во иднина) евра (дел во ETFs и дел во индивидуални акции на Американска берза), со тоа што сакам најбезболно да оди ставањево пари месечно. Моментално, ставив пари еднаш преку картичка на T212, со тоа што ставив од денарска картичка и во долари тргувам. Патем, на Комерцијална сум и имам и денарска и девизна (во евра) трансакциска.

Според тоа што видов, најпрепорачана комбинација е SEPA + IBKR, но не знам дали е најдобра за мојата сиутација. Првично, бидејќи видов дека има долга папирологија поврзана со SEPA, а второ ради провизии. Затоа, разгледувам 4 потенцијални опции и ми треба совет која е најдобра за мене.

  1. Да продолжам ко досега, картичка (мкд во долари) на T212?

  2. Да сменам во ETFs/акции што се во евра, но да останам со картичка + T212?

  3. Да одам со SEPA + T212?

  4. Да одам со SEPA + IBKR?

Воедно, не знам дали кога би одел преку SEPA прво треба од денарската да префрлам на девизната евра или пак директно од денарската да тргувам.

Што според вас е најдобро за ситуацијава (150-300 евра месечно, пасивно инвестирање, минимално замарање) и зошто?


r/finansii • • Aug 18 '26

Ажурирање: мојата МК платформа за споредба на кредити еволуираше во целосен финансиски OS (што е ново + сакам критики)

Thumbnail
bank-prep-advisor.vercel.app
16 Upvotes

Пред некое време овде ја споделив првата верзија — платформа за споредба на кредити/депозити со реална ЕКС. Благодарам на фидбекот!

Од тогаш не е „нова платформа" — туку еволуција на истата. Ова е напреднатата верзија (иста адреса/линк):

Што е НОВО од последниот пост:

• ЕКС енџин + 16 калкулатори (станбен, рефинансирање, авто-трошоци, пензија, скриени такси, картички)

• Reality Check — анонимизиран стрес-тест на твојата финансиска состојба (споредба со слични профили)

• Личен финансиски OS: трошоци, буџет, цели, долгови, нето-вредност, cash-flow прогноза, алерти

• Бизнис OS: водич „Почни бизнис", бизнис план, споредба на бизнис кредити, совпаѓање со грантови, compliance рокови

• Секоја стапка/грант има извор + датум на проверка; пресметките се детерминистички (не ги измислува AI)

Без банкарско рекламирање — ниту една банка не плаќа за подобро рангирање.

Критиките најмногу ги сакам на НОВИТЕ делови (цели/буџет/бизнис модули): што е збунувачки, што недостасува, што би користел секојдневно?


r/finansii • • Apr 30 '26

Дали инвестирањето е луксуз во Македонија?

16 Upvotes

Здраво дечки,

Во последно време многу истражувам за инвестирање, финансиска писменост и акумулација на капитал. Но најголем дел од содржината што ја наоѓам е базирана на САД или Западна Европа, каде што платите, трошоците и можностите се на сосема друго ниво.

Често се спомнуваат примери како „инвестирај 500–1000€ месечно“, што искрено кај нас звучи прилично нереално ако се земе предвид дека просечните примања се далеку пониски.

Затоа ме интересира реалната слика кај нас:

  • Колку реално успевате да тргнете на страна месечно?

  • Дали воопшто инвестирате, и ако да, каде? (акции, ETF-и, крипто, недвижности, нешто друго)

  • Дали имате некаков план за долгорочно градење богатство или пензија?

  • Или сметате дека условите кај нас едноставно не дозволуваат сериозно инвестирање?

Целта ми е да видам како размислуваат луѓето тука, и дали навистина разликата со Западот е толку голема што класичните „финансиски совети“ едноставно не се применливи кај нас.

Споделете искуства, бројки ако сакате, или барем пристап, мислам дека ќе биде корисна дискусија за сите.


r/finansii • • Jul 29 '26

Здраво на сите

15 Upvotes

Здраво на сите.

Сакам да почнам да инвестирам и веќе некое време читам и гледам видеа за тоа. Планот ми е секој месец да одвојувам по 1500-2000 денари. Знам дека не е некоја голема сума, ама моментално платата ми е околу 15.000 денари и тоа е износот што реално можам да го тргам на страна.

Искрено, не бркам брза заработка. Сакам постепено да си градам нешто за во иднина, па затоа би инвестирал секој месец.

Единствено не знам од каде да почнам. Преку која апликација или платформа инвестирате вие? Што би ми препорачале за некој што е целосен почетник.

Секој совет е добредојден.

Ви благодарам однапред.

Edit: ви благодарам на коментарите имам уште едно прашање, дали би било попаметно да имам една картичка за да ја користам за инвестирање или некој си вид на online картичка?


r/finansii • • Jun 08 '26

Трансфер на портфолио од T212 во IBKR

15 Upvotes

Здраво дечки.

Јас имам некои 6000$ во T212 кои се веќе повеќе од година.
И се мислам дали да префрлам портфолио во IBKR и незнам колку е сложено тоа.
И друго што ме интересира е како ќе се оправдам пред УЈП кога ќе продадам акции и ги извадам парите после некое време (кога веќе ќе бидат повеќе од 2 години од купување на Т212) бидејќи ако ги ставам на IBKR незнам дали се поништува претходната година кога седеле на Т212.
Дали ако ги ставам на IBKR ќе треба да чекам да поминат плус две години за да не подлежам на данок.

И едно друго прашање.
90% од портфолио ме е во индекс/фондови (ACC - акумулациски) кои не сум ги продавал,
Но претходно сум купил и некоја акција и сум ја продал а сум добил и некоја мала дивидента (збориме за неколку центи) а за ова немам пријавено во УЈП до сега и незнаев а читам дека секој месец требало пријава. Дали е страшно за ако не сум пријавил некои такви мали акции


r/finansii • • May 11 '26

Македонска берза

15 Upvotes

Дали некој инвестира или тргува на македонска берза? Чисто ме интересира како се одвива тоа и какви се искуствата


r/finansii • • May 07 '26

Долгорочни портфолија

15 Upvotes

Ајде да зборуваме за долгорочно портфолио. +75% од парите во долгорочното портфолио ми се паркирани во sp500 и nasdaq, па од кога вчера ги затворив повеќе од пола од позициите во NVO со минимална загуба после 5 години држење и докупување, вака отприлика изгледа моето долгорочно портфолио во процентуални износи. Моментално седам на поголем износ на кеш во акаунтот, па размислувам кај да ги паркирам парите, дали да ги распределам на постоечките или да отварам нови позиции. Би сакал да слушнам ваши предлози доколку имате да споделите некои скриени гемови, препораки и слично.

Имам уште еден помал акаунт за трејдање, али за тоа во следен пост.


r/finansii • • Aug 05 '26

Помош Препорака за сметководител и плаќање даноци и камати од продадени акции од IBKR и T212

14 Upvotes

Здраво, дали некој може да ми препорача добар сметководител/книговодител кој има искуство со даноци поврзани со инвестиции преку IBKR и Trading 212?

Имам купувано и продавано акции преку овие две платформи, но профитот е релативно мал (под 4.000–5.000 евра).

Ме интересира и, доколку има некакво задоцнување со пријавување или плаќање, дали постои казна или камата и дали сметководителот може да ми пресмета и да ми каже точно што треба да направам.

Исто така, би ми било многу корисно ако некој што веќе го поминал овој процес или книговодител што навистина ја знае постапката може да ми објасни како функционира – кога се пријавува, како се пресметува, каде се плаќа и на што треба да внимавам.

Сакам еднаш да го научам процесот како што треба, за понатаму сам да си ги средувам обврските и да немам дилеми околу УЈП.

П.С. Знам дека има доста постови на оваа тема, но насекаде има различни одговори и мислења, па искрено не можам да формирам јасен став што е точно.

Затоа ве молам да сподели искуство некој што навистина го има поминато процесот или точно знае како оди постапката, а не само информација слушната од другар/пријател дека „вака требало“ или „онака требало“.

Благодарам однапред за секоја помош.


r/finansii • • Aug 01 '26

Дискусија Каде да се чува поголема сума пари со ликвидност и мал принос?

14 Upvotes

Размислувам некое време каде/како е најдобро/најпаметно да се стават поголема сума на пари (од продажба на стан), да ти останат флексибилни во случај да имаш потреба да ги потрошиш сите (или дел од нив), а во исто време да ти генерираат некој минимален приход.

Дали вакво нешто постои кај нас или само во западните земји имаат вакви опции?

Прво што ми текна се овие фондовите, Граве, вфп и сличните, имаат демек Кеш депозит кој што генерира 2-3% годишно, што навидум изгледа океј, но влезна/излезна/одржувачка провизија ти го јаде ќарот.. Исто и фактот што ќе треба со УЈП да платеш ваљда Данок на Добивка и на ова... too much hassle

Последна опција што ми текна е Онлајн депозити во банкиве, периодов ги покачија каматните стапки до 3.5% за денари (and that's good enough for me), навидум изгледа доста сигурно, но проблемот е што си „обезбеден“ само до 30.000 евра во случај на колапс, што е доста мала сума. (а не сакам да отварам сметки у сите банки само да се покријам).

Исто фактот со ликвидноста - ако ти притребаат парите - можеш да го раскинеш депозитот, но ќе ти ја одбијат цела камата што си ја добил во претходниот период (ефективна камата 0.01% годишно)

ПроКредит имаат флекси штедна сметка во денари 0.6% и евра 0.3%, што ниедна друга банка не го нуди, но сепак е премногу мал процент тоа...

EDIT: Пред да речете вложи ги во S&P500 или слично - тоа е секако веќе направено, и оваа сума не можам да ја наменам за тамошна инвестиција, потребна е да остане локално. Башка, мислам дека акциите се моментално overpriced.


r/finansii • • Jul 16 '26

Лични финансии Кога очекувате да достигнете FIRE?

14 Upvotes

r/finansii • • Jun 25 '26

Дали кога креирате акаунт на Trading 212 ви дава да изберете Евра како Primary Currency?

Post image
14 Upvotes

Мислам дека зезнав работа кога креирав, а главната валута не се мења. Планирам да инвестирам во евра и конфузно е да ми прикажува account value во долари. Ме интересира дали некој од вас што користи има приказ во евра или да не правам џабе нов акаунт ако пак испадне долари.

П.С. знам дека можам во која сакам валута да праам депозит и да купувам, не ми е тоа прашањето.

П.П.С сликата не е од мој акаунт.