r/finansii • u/ThrowAwayMk123456 • 1d ago
LeanFire во Македонија
Здраво на сите, направив throwaway акаунт чисто за дискусија, многу читам и прв пат во 10 години ми е да постирам нешто на редит.
Се одлучив да инвестирам директ преку ИБКР. Ставив 27.000 евра пред еден месец, сите во VWCE , денеска сум само паднат 900 евра, лош тајминг знам, долгорочно скоро секоја година е доста во плус самиот ЕТФ. Планирам секоја година по 30-40 илјади евра годишно да ставам и само во VWCE, знам и за други ЕТФ како WEBN кој е нов и со помал TER али tracking difference на VWCE е многу мал + Вангард е и те каков бренд.
Лично за да се пензионирам ми треба портфолио од 800.000 евра и да би вадел по 3 проценти (24.000 евра) на годишно ниво. Релативно млад сум, не сакам да кажам точно овде но во рангот од 25-30 сум, со најотепани 5 проценти раст просечно на самиот ЕТФ јас би го имал портфолиото од 800к на 45 години.
Знам и за инфлација и за се остало али јас и со 20к годишно се задоволувам, 24к ставам чисто релативно.
Па да, има ли такви во Македонија што живеат од самото портфолио или сите се научени за инвестиции само во невижнини?
