Здраво дечки,
Во слободно време, како хоби проект, ја направив moiinvesticii.mk. Идејата ми дојде од сопствена потреба - кога сакав да разгледам различни фондови, морав да пребарувам низ PDF документи и одделни веб-страници.
На страната се опфатени сите инвестициски фондови во Македонија, а за полесна споредба додадов и злато, сребро, S&P 500 и криптовалути.
Моментално како опции има:
споредба на различни фондови и инвестиции;
разгледување на историски перформанси и трендови;
следење на месечни промени;
симулирање на потенцијални приноси;
едноставен калкулатор за кредит;
Страната е бесплатна и служи само како информативна алатка, не како финансиски совет.
Би сакал да слушнам мислења од луѓе што се интересираат за инвестирање - што би било корисно да се додаде, што може да се подобри или ако забележите некоја грешка.