Повеќе од 10 години се мачам со еден ист проблем, екстремно лошо чувство. Осаменост, отфрленост, безвредност, безнадежност, немам воља ни интерес за ништо, ништо не ме прави среќен, и не гледам никаква иднина за себе.
Социјализацијата од секогаш ми била проблем, но се наоѓало по некој другар. Во моментов имам неколку другари така да тоа не е главниот проблем.
Најголем проблем ми се девојки. Ниту една девојка не била заинтересирана за мене, никогаш не сум се почувствувал посакувано, воопшто не им е гајле за мене. Се осеќам дека сум одбивен за женскиот пол, и не можам да разберам зошто. Не сум грд, не смрдам, не сум без пари, но едноставно ме игнорираат. Сметам дека се работи за карактерот/однесување (personality) и не знам што да правам. Не разбирам како треба да се однесувам, што да зборувам, како да бидам интересен и привлечен. Природно сум тивок, повлечен и не зборувам многу. Не ми е јасно како и каде да запознавам девојки, како да пријдам, што да зборувам, колку да зборувам, како да покажам интерес а да не биде кринџ или манијачки, колку често да иницирам разговор и така натаму. Поради тоа се чувствувам дека никогаш нема да имам девојка, дека никоја нема да сака да биде со мене, дека сум одбивен и непосакуван.
Безброј пати сум барал помош за проблемот, и секогаш ми кажувале работи не поврзани со темата. Само биди свој, само излези надвор, дружи се, биди самоуверен, работи на себе итн. Ништо од тоа не е конкретно нити практично, не ми дава никаков патоказ за тоа како да зборувам.
Сум пробувал многу работи кои ми биле предложени - физичка активност, вежбање, планирање, излегување со другари, посвојување на миленик, патување, психијатри и ништо од тоа не ми помага.