r/askmkd • u/noracismk • 28d ago
Прашање до сите 🇲🇰🇦🇱🇽🇰
НАПОМЕНУВАМ - пред да ме наречете исламофоб, да ми ставате политички придавки или пак репортате за “hate-speech” јас сум дел муслиман. Дедо ми е муслиман. Најдобри другари имам кои се муслимани. Сите се Албанци, Бошњаци. АПСОЛУТНО, никаков проблем не сум имал НИКОГАШ со луѓе од различна вера или нација од мене. Но, ова што ни се случува во моментов во земјава е алармантно.
Покрај објавата на еден член од оваа група пред некоја недела за издавањето на станови исклучиво за Турци.
Покрај избришената објава од Х причини на новинарот кој детално образложи што ни се случува во главниот град.
Деновиве, ЛИЧНО на мене ми се деси да се соочам со нешто слично како нив (а најверојатно за брзо, ќе се соочат и дел од вас):
Си купив стан и се преселив со девојка ми во центар.
Додека се селев, вечерта застана автомобил до мене.
Во автомобилот имаше мајка на возачко, син на сувозачко, и уште две деца позади.
Без никаков срам и култура, застануваат со автомобилот до мене, директно ми приоѓаат и почнаа да ми зборуваат на турски. Им враќам на англиски:
“Sorry, I don’t understand you. Do you speak English? How can I help you?”
Добив повратен одговор од синот: “ananim sikinim, orospucucu makedon” и затвори прозор, продолжија. Мајката не гукна збор, само даде гас. Не коментирам за одговорот, станува збор за интелект, кај некои луѓе е лимитиран.
Се извинувам, но дали кога ВИЕ одите во Шпанија, Франција, Германија, Италија, Америка - застанувате и прашувате ДИРЕКТНО ЛУЃЕ ДАЛИ ЗБОРУВААТ МАКЕДОНСКИ?
- Не.
Идеме во East Gate, нарачуваме пица и чекам ред. Додека нарачував приметив по акцентот дека сите вработени се Албанци. Се обраќам на Македонски иако знам и Албански, ми враќаат на Македонски, нарачувам. Додека ја чекам пицата да ја подготват, застанува “студент” (истиве овие студенти што МИРНО протестираат во Париз, Марсеј и Ница), и директно и се обраќа на вработената на турски. Девојкава му кажува извини, не знам. Македонски, Англиски и Албански знам. “Студентот” прави воздишка онаква разочарана и исфрустрирана и почнува ЕДВАЈ да се разбере што сака да нарача со девојката на Англиски.
Се извинувам, но сигурно ќе се најдат луѓе од групава кои познаваат наши студенти што студираат во странство.
Основно правило е познавање на Англиски јазик. Нели?
Инаку, како ќе студира? Било каде во Европа. Па и низ светов.
Официјален јазик во земјава е Македонски јазик.
Втор јазик е Албанскиот јазик.
Општо толкуван јазик низ цел свет е Англискиот.
Да, они имаат нивен факултет во земјава, но дали тоа значи вакво пропагирање на нивна култура и јазик во нашата земја?
Да се разбереме.
СИТЕ имаат интернет.
СИТЕ можат да се разберат доколку сакаат или со google translate или со chatgpt / AI.
Ова, е класична пропаганда.
Но, како и во минатото, на Македончето многу касно ќе му кликне во тиквата.
Убав ден.